• вторник, 01 октомври 2024

Во Управниот суд ќе се одржи промоција на систем за аудио и видео снимање на судски расправи

Во Управниот суд ќе се одржи промоција на систем за аудио и видео снимање на судски расправи

Скопје, 1 октомври 2024 (МИА) - Во просториите на Управниот суд денеска ќе се одржи „Промоција на системот за аудио и видео снимање на судски расправи SRS Femida и Femida True Records”.

Од Управниот суд по промоцијата најавија и прес - конференција на која ќе присуствуваат претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини, претседателката на Судскиот совет Весна Дамева, како и министерот за правда Игор Филков. цр/лв/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан