• недела, 22 декември 2024

Во Турција приведени 16 новинари под обвинение за тероризам

Во Турција приведени 16 новинари под обвинение за тероризам
Анкара, 16 јуни 2022 (МИА) – Шеснаесет турски новинари денеска се приведени и ќе бидат изнесени пред суд под обвинение дека се поврзани со прокурдски медиуми и за членство во „терористичка организација“. Новинарите работеа за медиуми поврзани со прокурдската Демократска народна партија, која ризикува да биде забранета во Турција поради наводни врски со забранетата Курдска работничка партија (ПКК). Демократската народна партија негира каква било поврзаност со ПКК. На 8 јуни во Дијабекир, југоисточна Турција беа приведени четворица новинари под обвинение дека работеле за ПКК. Претставникот на Репортери без граници (РСФ) Ерол Ондероглу ги осуди апсењата како обид за ослабување на „курдската политичка класа … и одземање на правото на глас“ пред претседателските избори во Турција следната година. Турција според во Индексот на слободата на медиуми на РСФ е на 149. место од 180 земји и постојано е критикувана за замолчување на критичарите на Владата. ми/

Остани поврзан