• вторник, 05 ноември 2024

Во Турција петмина осудени на доживотен затвор поради убиството на рускиот амбасадор во 2016 година

Во Турција петмина осудени на доживотен затвор поради убиството на рускиот амбасадор во 2016 година
Анкара, 9 март 2021 (МИА) - Турскиот суд денеска осуди пет лица на доживотен затвор поради учество во убиството на рускиот амнасадор во Анкара, Андреј Карлов во 2016 година. Еден од нив е обвинет како организатор на нападот, а друг осуден е поранешен разузнавач кој доставувал информации за Карлов. Други шестмина се прогласени за невини, додека седум лица се осудени за членство во вооружена терористичка група. Тие се осудени поради поврзаност со 22-годишниот напаѓач Мевљут Мерт Алтанташ, кој беше елиминиран од турската полиција откако го уби Карлов на изложба во Анкара. ми/

Остани поврзан