• недела, 22 декември 2024

Во турските воздушни напади врз Сирија повеќе од милион луѓе останаа без струја и вода

Во турските воздушни напади врз Сирија повеќе од милион луѓе останаа без струја и вода

Анкара, 19 ноември 2024 (МИА) - Турските воздушни напади во североисточна Сирија погодена од суша оставија повеќе од милион луѓе без струја и вода, што според експертите може да претставува кршење на меѓународното право.

Турција изврши повеќе од 100 напади меѓу октомври 2019 и јануари 2024 година на нафтени полиња, гасни постројки и електрани во автономната управа на северна и источна Сирија (ААНЕС), која е под контрола на Курдите. 

Нападите придонесоа за хуманитарната криза во регионот, кој беше зафатен со повеќегодишна граѓанска војна и четири години екстремна суша. Турција соопшти дека ги гаѓала „изворите на приходи и способностите“ на курдските сепаратистички групи кои ги смета за терористи.

Во соопштението се наведува дека областа е добро позната по сушата, додавајќи дека лошото управување со водите и запоставената инфраструктура ја влошиле ситуацијата. Повеќе од еден милион луѓе во провинцијата Хасаке, кои некогаш ја добивале водата од станицата Алук, сега се потпираат на залихите на вода што се испумпуваат од далечина од околу 20 километри.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја опиша ААНЕС, која не е официјално призната од меѓународната заедница, како „терористичка држава“ покрај нејзината граница.

Во извештајот на независната комисија на ОН објавен во февруари се наведува дека нападите врз електричната инфраструктура во октомври 2023 година може да се сметаат за воени злосторства бидејќи на цивилите им бил оневозможен пристап до вода. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан