• среда, 25 декември 2024

Во турскиот Парламент почна расправата за кандидатурата на Шведска за членство во НАТО

Во турскиот Парламент почна расправата за кандидатурата на Шведска за членство во НАТО

Анкара, 23 јануари 2024 (МИА) - Во турскиот Парламент почна расправата за кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, јави турската телевизија НТВ.

Се очекува гласањето за кандидатурата да се одржи подоцна денеска.

На 26 декември протоколот за прием на Шведска во НАТО беше одобрен од Комисијата за надворешни работи на турскиот Парламент. Сега треба да го изгласа целиот Парламент. За да се одобри документот доволно е просто мнозинство од пратениците во Парламентот кој има 600 члена.

На гласањето во декември, претставниците на владејачката Партија на правдата и развојот, Партијата за националистичка акција и главната опозициска Народно-републиканска партија гласаа „за“, додека Добрата партија и Партијата на среќата гласаа „против “. Курдските претставници тогаш не учествуваа во гласањето.

Одлуката на Парламентот ќе стапи на сила откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе го потпише соодветниот указ. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан