• петок, 22 ноември 2024

Во тетовско Непроштено ќе се одбележат 20 години од конфликтот во 2001 година

Во тетовско Непроштено ќе се одбележат 20 години од конфликтот во 2001 година
Тетово, 23 јули 2021 (МИА) - Во тетовско Непроштено вечер ќе се одблежат 20 години од конфликтот во 2001 година со помен на убиените и киднапирани Македонци од ова место. -Настанот ќе се одржи со почеток во 18 часот и 30 минути со положување цвеќе пред споменикот на киднапираните што се наоѓа во центарот на селото, информираат од Организацискиот одбор на Непроштено. Во 2001 година беше убиен Стојан Михајловски, а Крсто Гоговски, Цветко Михајловски и Васко Михајловски се дел од 12-те Македонци кои беа киднапирани во тетовскиот регион. Спомен-обележјето во Непроштено е изградено во 2014 година. ас/мд/

 

Остани поврзан