• петок, 22 ноември 2024

Во Тетово петти протест поради поскапувањето на струјата

Во Тетово петти протест поради поскапувањето на струјата

Тетово, 4 септември 2020 (МИА) - Во Тетово вечерва се одржа петтиот по ред протест на граѓанската иницијатива „Доста е“ поради зголемувањето на цената на електричната енергија.  По повикот на социјалните мрежи неколку илјадната група граѓани се собра на градскиот плоштад во 19 часот по што започна марш по градските улици. Крајна дестинација беше местото каде се објектите на Корисничко Енерго Центар на електродистрибутивната компанија ЕВН на излезот од Тетово.

Пред објектите на ЕВН имаше и кордон од полицајци, а групата застана пред нив.  После неколкуминутно скандирање и извици, двајца од групата се приближија до оградата и фрлија стотици испечатени банкноти налик на 100 евра.  

-Бидејќи сакаат многу пари и сакаат да крадат од народот сме донеле две вреќи со пари и ќе ги испразниме овде и можеби ќе бидат сити. Луѓето се гневни со поскапата струја и односот кон барањата. Од следната недела очекуваме интензивен притисок кон политиката и кон Собранието.  И ќе бараме од сите 120 пратеници решавање на проблемот што е наметнат од регулаторната комисија и енергетските компании. Барањата остануваат исти, изјави Аријанит Џафери, претставник на иницијативата.

Граѓаните бараат пониска цена на струјата за 46 отсто, укинување на регулаторната комисија, да се намали ДДВ од 18 на 5 отсто и да се формира независен арбитрарен орган кој ќе верификува квалитет на услуги и ги адресира поплаките на граѓаните од енергетските компании. ас/бк/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан