• понеделник, 23 декември 2024

Во Тетово и Гостивар санкционирани 29 пијани возачи

Во Тетово и Гостивар санкционирани 29 пијани возачи

Скопје, 8 октомври 2023 (МИА) - На територија на СВР Тетово изминатата ноќ санкционирани се 29 пијани возачи. Од нив, 13 возачи се санкционирани во Тетово, а 16 во Гостивар. Еден возач во Тетово имал над два промили алкохол.

- Возачите-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, изготвени им се предвидените поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби кои за овој вид прекршок, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се движат од 225 до 275 евра во денарска противвредност. Покрај ова, времено ќе им се одземат и нивните возачки дозволи од три месеци до една година, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Во полициската акција изречени се и 16 други прекршоци  од кои 10 во Тетово и шест во Гостивар. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан