• петок, 22 ноември 2024

Во тек се градежни работи на Шара за превенција од поплави и порои во планинските села

Во тек се градежни работи на Шара за превенција од поплави и порои во планинските села
Тетово, 26 октоври 2022 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман, постојаниот претставник на програмата за развој при Обединетите Нации (УНДП) Армен Григорјан и градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами направија теренска посета на градежните работи за регулирање на поројот во село Шипковца.Овој градежен потфат се прави со превентивна намера со цел да се спречат поплави како што во ова село имаше во 2015 година кога загинаа шест луѓе меѓу кои и деца.- Оваа е исклучително важен проект, пред се во интерес и заштита на населението и обезбедување на одржлив и инклузивен раст со подобрување на отпорноста на заедниците од Полошкиот регион на катастрофи од поплави. Со преземните мерки, произлезени од сеопфатни студии и планови за проценка на ризикот од поплави делуваме превентивно за намалување на опасноста од порои, поплави, свлечишта на кои овој терен е подложен, ја зголемуваме отпорноста и подготвеноста на локалните заедници за справување со елементарните непогоди и природни катастрофи, како онаа од 2015 година која однесе и човечки жртви. Проектот е со висока сензибилност што произлегува од потребата да се постават технички решенија на локации каде веќе има изградени населби за живеење, изјави министерот Нуредини.Регулацијата на поројот е во должина од 3,6 км, со акцент на делот од кој минува низ селото во должина од 350 метри и се спроведува од април до ноември годинава. Проектот е финансиран од Швајцарската Влада и од буџетски средства, а е имплементиран од УНДП. -Швајцарската Влада преку Програмата за подобрување на отпорноста на поплави во Полошкиот регион, поддржува сеопфатен сет на дополнителни мерки за ублажување и мерки за градење на отпорност, изјави амбасадорката Улман нагласувајќи дека оваа програма има за цел да ги замени стандардните ад-хок одговори на настаните од поплави и традиционалните пристапи за контрола на поплави со интегрирано управување со поплави базирани на ризици.Постојниот претставник на УНДП Армен Григорјан порача дека треба да управуваме со ризиците, а не само со катастрофите. Посочи дека локалните власти треба да планираат стратешки и да бидат подготвени брзо да одговорат на кризи за да ги заштитат луѓето и добрата.-УНДП е тука да помогне во воспоставувањето систем на ефективна координација помеѓу националните и локалните власти што е од критично значење во овој процес.Само интегрираниот пристап на сите девет општини во полошкиот регион на крајот ќе биде подобрување на севкупната отпорност на заедницата на поплави, посочи Григорјан. Градоначалникот Касами рече дека со оглед на заложбите за оздавање најдобри услови за живот за сите граѓани кои живеат и работат во општината оваа поддршката за жителите значи живот со оглед дека подрачјето е подлежно на чести поплави и порои.-Среќен што сум меѓу првите потписи сум ги ставил е дозволата за започнување со овие работи. Ние пет проекти реализираме во делокургот на овој проект со базични студии и со основни прокети се надеваме дека со нив ќе ја користиме оваа убавина на Шара и нема да биде убиствена како што беше во 2015, изјави Касами.ас/са/

Остани поврзан