• понеделник, 23 декември 2024

Во тек пријавување за Третиот младински предизвик „Генерација без граници“

Во тек пријавување за Третиот младински предизвик „Генерација без граници“
Скопје, 12 мај 2022 (МИА) - Третиот по ред младински предизвик: Генерација без граници (Generation Unlimited), ќе се одржи во 40 земји во светот, а дел од оваа глобална иницијатива можат да бидат сите млади иноватори од 16 до 24 години. УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија ги повикуваат сите заинтересирани млади иноватори во земјава да достават идеи за дигитални решенија за справување со климатските промени под слоганот „Технологија за планетата“. Средношколци, студенти и заинтересирани млади луѓе, можат да го пријават својот тим, од три до пет члена и да бидеат креатори на својата иднина. -Имате шанса да добиете глобално признание и поддршка во справување со еден од најголемите предизвици за човештвото – климатските промени, порачуваат организаторите. Идеите ќе се развиваат со менторство на професионалци, преку design thinking работилници. Петте најдобри идеи ќе добијат почетни финансиски средства и дополнителна менторска поддршка за да ги развиjат своите идеи, а две од нив ќе се натпреваруваат на глобалниот предизвик, со шанса да добијат дополнителни средства до 20.000 американски долари, како и поддршка од Генерација без граници за проширување на решението. Краен рок за аплицирање е 10 јуни 2022 година. Досега два наши тима биле меѓу глобалните победници: во 2019 година тимот АндроМета и во 2020 година тимот eBionics. Овогодинешниот младински предизвик на УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија се спроведува во соработка со Центарот за социјални иновации БЛИНК 42 – 21. Повеќе информации за предизвикот и апликацијата на линкот: https://bit.ly/3KQUDxr и на Facebook  https://bit.ly/3FBWd5w. вг/лв/

Остани поврзан