• четврток, 16 мај 2024

Во тек пријавувањето за традиционалниот планинарски марш ,,Голак 2022"

Во тек пријавувањето за традиционалниот планинарски марш ,,Голак 2022
Делчево, 3 септември 2022 (МИА) - Започна пријавувањето за традиционалниот планинарски марш „Голак 2022", што се одржува во организација на планинарскиот-спортски клуб „Голак". -Осмиот традиционален марш ќе се одржи на 11 септември 2022 година (недела). Сите заинтересирани своето учество можат да се пријават најдоцна до четврток (09.09.2022) кај претседателот на клубот Љупчо Чучуковски на телефон 070/605-137 или на емаил адресата psdgolakdelchevo@yahoo.com, информираа од ПСК ,,Голак" Делчево. Планинарски марш ќе биде во должина од 12 километри со висинска разлика од 1000 метри. -Патеката се искачува за 3 часа и 30 минути а се слегува за 2 часа. Истата е маркирана и добро позната на организаторот бидејќи е помината многу пати. Започнува од градот Делчево низ повеќе месности се до врвот Мала Чавка на 1538 м.н.в. минува низ дабова, габерова и борова шума, додадоа од делчевскиот планинарски клуб. Планинарскиот-спортски клуб „Голак" од Делчево, маршот го организира во соработка со Федерацијата за планинарство и Општина Делчево. вс/ев/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан