• сабота, 23 ноември 2024

Во тек активности за подобрување на енергетската ефикасност во беровската гимназија

Во тек активности за подобрување на енергетската ефикасност во беровската гимназија
Берово, 4 септември 2021 (МИА) - Во Берово во тек се активности за подобрување на енергетската ефикасност во Средното општинско училиште „Ацо Русковски“. За таа цел, како што информираа од општината, во тек е замена на старата дотраена столарија. - Водејќи се од принципите за заштеда на енергија, примена на современи технологии за енергетска ефикасност, како и реализација на општинската програма за енергетска ефикасност, а следејќи ги модерните текови и адаптирајќи се на новите светски треднови, после повеќе од 20 години, се врши промена на столаријата во нашето училиште. Денеска, завршуваат активностите за промена на вториот кат, по што ќе се пристапи кон промена на првиот кат, за што средства се обезбедени преку Владата на Република Северна Македонија, информираа од училиштето. Средствата во износ од еден милион денари, за промена на столаријата на вториот кат, како што додадоа, се обезбедени од Буџетот на ОСУ „Ацо Русковски“ за 2021 година. Целта на оваа мерка, како што истакна беровскиот градоначалник Звонко Пекевски, е намалување на трошоците за енергенси и подобрување на енергетската ефикасност на сите општински објекти, што е еден од приоритетите на локалната власт во Берово. Новата учебна година во средното училиште во Берово започна со подобрени услови за учење, при што неодамна се реконструирани и санитарните јазли во училиштето. вс/мс/

Остани поврзан