• понеделник, 23 декември 2024

Во Судан почна судењето на ал Башир за државниот удар од 1989 година

Во Судан почна судењето на ал Башир за државниот удар од 1989 година
Картум, 21 јули 2020 (МИА) – Соборениот претседател на Судан, Омар ал Башир денеска повторно се појави на суд во Картум под обвинени за организирање на државен удар во 1989 година, кога со поддршка на исламистите дојде на власт. Поранешниот претседател на Судан на суд пристигна облечен во традиционална бела облека (дишдаше) и со турбан на главата, а пред судот имаше десетина приврзаници на Ал Башир. Но, судењето е одложено за 11 август за да можат адвокатите на ал Башир да ја подготват одбраната. Помеѓу обвинетите за државен удар се и дваесетина соработници на ал Башир и сојузници од воениот врв и исламистичките групи. Во април 2019 година по масовните антивладини протести поради мерките за штедење, суданската армија објави дека ал Башир е сменет и уапсен. Во август истата година формирана е заедничка воено-цивилна преодна Влада. Ал Башир (76), кој е во затвор во Картум, соочен е со неколку посебни судски постапки, помеѓу кои и за убивање на демонстраните за време на повеќемесечните протести. Во март 2009 година Меѓународниот кривичен суд го обвини ал Башир за воени злосторства и геноцид во Дарфур во 2000 година.  Суданската преодна Влада во февруари годинава се согласи да го екстрадира ал Башир на Меѓународниот кривичен суд. Ал Башир во декмеври минатата година е осуден на две години затвор поради корупција и перење на пари. ми/

Остани поврзан