• петок, 22 ноември 2024

Во Струга само четири плажи имаат спасители на вода

Во Струга само четири плажи имаат спасители на вода
Струга, 19 јули 2021 (МИА) – Само четири плажи во Струга и струшко имаат ангажирано спасители на вода, за поголема безбедност на капачите во водите на Охридското Езеро. Секретарот на општинската организација на Црвен крст – Струга, Адуриме Даути, информира дека до сега спасители на вода ангажирале градските плажи „Версус“ и „Дада“ , автокампот Ливадиште и хотел „Изгрев“ за плажата и аквапаркот. - Оваа туристичка сезона само десетина спасители склучија договор со концесионерите на плажите, вклучувајќи го и аквапаркот во хотел „Изгрев“. Останатите плажи не се обезбедени со обучени спасители на вода, изјави Даути. Изминатите години, додаде, уште три - четири градски плажи ангажирале спасители на вода, но не е позната причината зошто и годинава не го направиле тоа. - Капачите да внимаваат додека се забавуваат во водите на Охридското Езеро и да се свесни на ризикот со кој може да се соочат. Посебно апелирам до капачите кои го користат речното корито на Црн Дрим, бидејќи тоа не е дозволено за капење, нагласи Даути. Изминатите години спасителите на Црвнеиот крст интервенирале во повеќе наврати при исекотини, топлотни удари, но и кај давеници. сс/ар/

Остани поврзан