• понеделник, 23 декември 2024

Во Србија почна поднесувањето изборни листи, познати и изборните коалиции за изборите на 17 декември

Во Србија почна поднесувањето изборни листи, познати и изборните коалиции за изборите на 17 декември

Белград, 2 ноемри 2023 (МИА) - Во Србија од денеска до 26 ноември почна пријавувањето до Републичката изборна комисија (РИК) на изборните листи за парламентарните, локалните и изборите за град Белград закажани на 17 декември, а познати се и изборните коалиции, јави дописникот на МИА од Белград.

Први кои поднесоа изборна листа е коалицијата на владеачката Српска Напредна Странка (СНС), партијата на претседателот Александар Вучиќ, која ќе излезе на изборите под слоганот „Александар Вучиќ-Србија не смее да застане„ а листата ја поднесе лидерот на СНС Милош Вучевик заедно со коалициските партнери Расим Љајиќ (Социјалдемократска партија на Србија), Милан Кркобабиќ (ПУПС), Милан Стаматовиќ (Здрава Србија) и Ненад Поповиќ (Српска народна партија). Кандидат за градоначалник на Белград од оваа партија ќе биде досегашниот градоначалник Александар Шапиќ.

Во коалција со СНС, како што изјави Воислав Шешељ ќе влезе и Српската радикална партија, но само на локално ниво и на изборите за град Белград, додека на парламентарните избори радикалите ќе одата самостојно.

Социјалистичката партија на Србија на Ивица Дачиќ (СПС) на изборите оди самостојно со своја листа во коалција со Единствена Србија (ЈС) на Драган Марковиќ Палма и со Зелените на Србија (ЗС). Зедничката изборна листа за парламентарните избори ќе има назив „Ивица Дачиќ-премиер на Србија“, а Тома Фила ќе биде заднички кандидат за градоначалник на Белград на оваа изборна коалиција.

Проевропската опозиција или Партијата за слобода и правда (ССП), Народното движење на Србија, Зелено-левиот фронт/Не го давиме Белград, Срце, Еколошкото востание, Демократската партија (ДС), Движењето на слободни граѓани (ПСГ) и партијата Заедно се договорија заеднички да учествуваат на изборите на основа на добрата соработка во парламентот, заедничката организација на протестите „Србија против насилството. Носители на листата на републичките избори ќе бидат Мирослав Алексиќ и Мариника Тепиќ, додека прв на листата ќе биде Радомир Лазовиќ, а на изборите во Белград носители ќе бидат Добрица Веселиновиќ и Владимир Обрадовиќ, кој ќе биде кандидат за градоначалник.

Кон оваа коалиција денес навести дека ќе се прикличи и Социјалдемократската партија на поранешниот претседател Борис Тадиќ.

На изборите ќе излезе и Либерално демократската партија (ЛДП) на Чедомир Јовановиќ, кој поодамна го нема на политичката сцена во Србија.

Опозициските партии од десницата, партијата на Вук Јеремиќ, Двери, Нов ДСС на Милош Јовановиќ, Заветници, ПОКС, засега не успаеа да постигнат договор за заедничка коалиција на овие ибори во Србија или како Нов ДСС и ПОКС ќе излезат со свои коалиции. об/сд/

Остани поврзан