• петок, 22 ноември 2024

Во Софија продолжуваат антивладините протести, 17-ти ден по ред

Во Софија продолжуваат антивладините протести, 17-ти ден по ред
Софија, 25 јули 2020 (МИА) - Седумнаесети ден по ред  демонстрантите кои бараат оставка од владата и државниот обвинител денеска се собраа во Софија на  протест. Тие попладнево го запреа сообраќајот во непосредна близина на зградата на Националното собрание и пред претседателството, скандирајќи го барањето „Оставка“, пренесе БТА. Под две недели непрекинати протести премиерот Бојко Борисов неделава ја реконструираше владата, но демонстрациите продолжуваат со барање оставка од целата влада. Претседателот Румен Радев, исто така, побара оставка од владата пред десетина дена. сд/

Остани поврзан