• сабота, 16 ноември 2024

Во сообраќајна несреќа загина Благоја Георгиевски-Буштур

Во сообраќајна несреќа загина Благоја Георгиевски-Буштур
Скопје, 30 јануари 2020 (МИА) – Македонската кошаркарска легенда Благоја Георгиевски-Буштур синоќа го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа во скопската населба Кисела Вода. Поради лизгавиот коловоз Буштур загубил контрола над возилото со кое управувал, излетал од патот и удрил во бетонски блок. Благоја Георгиевски, роден на 15 октомври 1950 година во Скопје, долги години беше член на Работнички. Со успех настапуваше и за југословенската репрезентација со која има сребрен медал на Европското првенство во 1971 година. Има и сребрен медал од Олимпијадата во 1976 година. Во независна Македонија беше селектор на сениорската репрезентација, тренер во неколку клуба, а подоцна и истакнат спортски работник. зс/

Остани поврзан