• понеделник, 23 декември 2024

Во Солун потврден случај на јужноафриканската мутација на Ковид-19

Во Солун потврден случај на јужноафриканската мутација на Ковид-19
Атина, 31 јануари 2021 (МИА) – Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас и претседателот на Националната организација за јавно здравје итно заминаа за Солун по откриен случај на јужноафриканската мутација на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина. Од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција соопштуваат дека по состанокот одржан денеска со епидемиолозите, било одлучено Хардаљас и Аркуманес да заминат за Солун за да ја оценат ситуацијата. Станува збор за прв  потврден случај во Грција на јужноафриканскиот вид на Ковид-19, додека пак во земјата има 66 случаи на британската мутација, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција објавени во текот на минатата седмица. ср/

Остани поврзан