• вторник, 17 декември 2024

Во Скопје 30 санкции за брзо возење, 20 за управување без возачка

Во Скопје 30 санкции за брзо возење, 20 за управување без возачка
Скопје, 10 јануари 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки. Од нив за возење повеќе од дозволената брзина 30 санкции, 12 мерки за возење под дејство на алкохол, 20 санкции за возење без возачка дозвола.Изречени се и 12 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, а пет за возач почетник.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста на патиштата. вг/

Остани поврзан