• понеделник, 23 декември 2024

Во Скопје 148 санкционирани возачи, 33 за брзо возење

Во Скопје 148 санкционирани возачи, 33 за брзо возење
Скопје, 17 ноември 2021 (МИА) - На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на засилени сообраќајни контроли изречени се вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 33 санкции. Од МВР информираат дека девет мерки се изречени за возење без возачка дозвола, четири мерки за минување на возила на црвено светло, 57 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците, три за возење под дејство на алкохол, а 26 мерки за непрописно паркирање. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.  цр/дма/

Остани поврзан