• понеделник, 23 декември 2024

Во Скопје санкционирани 200 возачи , 97 возеле брзо

Во Скопје санкционирани 200 возачи , 97 возеле брзо

Скопје, 30 април 2023 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 200 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 97 санкции, 21 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 13 санкции за управување под дејство на алкохол, две мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за минување на затворен сигнал односно на црвено светло...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. ев/

ФОТО: МИА Архива 

Остани поврзан