• среда, 13 ноември 2024

Во Скопје приведен криминалец баран со потерница

Во Скопје приведен криминалец баран со потерница

Скопје, 12 ноември 2024 (МИА) - Во Скопје на бул. „Крсте Мисирков“ денеска во 09.05 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Л.(50) од Скопје, кој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од две години и два месеца за сторено кривично дело во врска со чл. 418 -б, 418-в (трговија со малолетно лице и криумчарење мигранти) и член 273 (перење пари).

МВР соопшти дека лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан