• четврток, 19 декември 2024

Во Скопје отворена Канцеларијата на литванската Амбасада

Во Скопје отворена Канцеларијата на литванската Амбасада

Скопје, 9 октомври 2024 (МИА) - Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски и литванскиот заменик-министер за надворешни работи Симонас Шатунас денеска свечено ја отворија Канцеларијата на литванската Амбасада во Скопје.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во поздравното обраќање пред присутните гости од дипломатскиот, политичкиот и општествениот живот, Димитровски истакнал дека отворањето на оваа дипломатска канцеларија е доказ за пријателството меѓу двете земји кое се негува и развива скоро триесет години, како и за заедничката определба за натамошно продлабочување на севкупните билатерални односи.

Притоа, се додава во соопштението, Димитровски најавил дека посебен фокус во претстојниот период ќе биде ставен на натамошен развој на економската и трговската соработка меѓу двете земји.

-Осврнувајќи се на придобивките од 20-годишното членство на Литванија во Европската унија, заменик министерот Димитровски меѓу другото истакна: „Ова членство беше многу корисно и ѝ помогна на земјата да се развие економски, политички и социјално. И ние сакаме да ја постигнеме истата цел, а Литванија е наш близок и доверлив партнер на тој пат, за што сме длабоко благодарни“, се додава во соопштението. ац/аа/

Фото: МНРиНТ

Остани поврзан