• сабота, 23 ноември 2024

Во сиромашните земји вакцина за секоја десетта личност

Во сиромашните земји вакцина за секоја десетта личност

Атланта, 9 декември 2020 (МИА) - Богатите земји акумулираат вакцини против Ковид-19 и секоја десетта личност во сиромашните ќе биде вакцинирана следната година, објави Алијансата за народни вакцини.

Во најбогатите земји, обезбедени се дози доволно трипати да се имунизира нивното население, а во 67 посиромашни земји, само еден од десет лица може да се надева дека ќе биде вакциниран до крајот на следната година, според Амнести Интернешнл и Оксфам, јави Си-Ен-Ен.

- Никој не смее да биде спречен да добие вакцина за спасување живот поради земјата во која живее или поради сумата пари во џебовите, рече Ана Марот, одговорна за здравствената политика во „Оксфам“.

Тие предупредуваат дека земјите што претставуваат само 14 отсто од светската популација имаат повеќе од половина од најнадежните вакцини. Организациите исто така ги повикуваат фармацевтските компании да ја споделат својата технологија и интелектуална сопственост со Светската здравствена организација и да ги повикаат владите на богатите земји да се посветат на испраќање вакцини во земјите во развој. паг/

Остани поврзан