• петок, 22 ноември 2024

Во Сирија убиен основачот на огранокот на Ал Каеда

Во Сирија убиен основачот на огранокот на Ал Каеда

Дамаск, 5 април 2024 (МИА) - Водачот на ирачките џихадисти во северозападна Сирија, кој го основаше поранешниот огранок на Ал Каеда, е убиен во четвртокот кога бомбаш-самоубиец се разнел во неговата гостинска куќа, соопштија џихадистички извори.

Според нив, Абу Марија ал-Кахтани, чие вистинско име е Мајср ал-Џабури, починал откако пристигнал во болница со тешки рани здобиени кога бомбаш-самоубиец се активирал неколку секунди откако го поздравил во градот Сармада.

Неколку лица се повредени.

Кахтани беше еден од основачите на Фронтот Нусра, поранешен огранок на Ал Каеда во Сирија, кој се преименуваше во Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) откако ги прекина врските со Ал Каеда.

ХТС ја потврди смртта на Кахтани во објавите на социјалните мрежи и ја обвини ИСИЛ, идеолошки ривалска милитантна група. Во моментов никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Кахтани беше бунтовник кој се бореше против американските сили по инвазијата на Ирак предводена од САД во 2003 година. Тој се пресели во Сирија по 2011 година за да им се придружи на бунтовниците кои се борат против авторитарното владеење на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Кахтани, кој се скара со раководството на ХТС, беше ослободен од затвор минатиот месец, откако помина шест месеци под обвинение за комуникација со забранети групи. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан