• понеделник, 23 декември 2024

Во Сингапур поставени апарати за бесплатни маски

Во Сингапур поставени апарати за бесплатни маски
Сингапур, 27 мај 2020 (МИА) - Сингапур дели бесплатни маски за една употреба на сите жители, а маските можат да се подигнат од 400 апарати ширум градот. Сингапур третпат дели маски на жителите, но првпат го прави тоа преку апарати. На почетокот на пандемијата, Сингапур успешно се справуваше со пандемијата со Ковид-19, но изминатите недели е забележано нагло зголемување на бројот на заразени, претежно помеѓу странските работници. Во Сингапур над 32.000 луѓе се инфицирани со новиот коронавирус, што е  најголем број во Југоисточна Азија. ки/ми/

Остани поврзан