• сабота, 23 ноември 2024

Во Сенегал уапсена поранешната премиерка

Во Сенегал уапсена поранешната премиерка

Дакар, 5 февруари 2024 (МИА) - Жандармеријата во Дакар, Сенегал, вчера ја уапси поранешната премиерка и опозиционерка Амината Туре, бидејќи учествувала во демонстрациите на опозицијата против одложувањето на претседателските избори кои претходно беа закажани за 25 февруари, соопшти локалната опозиција.

-Потврдувам дека Амината Туре е уапсена од жандармите, изјави опозицискиот пратеник Ги Мариус Сања.

Амината Туре, која претседателот на Сенегал, Маки Сал ја постави за премиер, премина во опозиција, а нејзината кандидатура за претседателските избори беше одбиена.

Ова се први протести по изјавата на претседателот на Сенегал дека претседателските избори закажани за 25 февруари се одложуваат на неодредено време.

Сал во саботата изјави дека на неодредено време ги одложил претседателските избори закажани за 25 февруари, по формирањето на парламентарна комисија за истрага на двајца судии на Уставниот совет, чиј интегритет во изборниот процес е оспорен.

Ваквата одлука претседателот на Сенегал ја донел неколку часа пред почетокот на изборната кампања за претседателските избори, каде што требаше да се натпреварува со дури 20 кандидати. мс/

Остани поврзан