• недела, 22 декември 2024

Во северниот дел на Атлантикот се судрија брод на британската морнарица и руска подморница

Во северниот дел на Атлантикот се судрија брод на британската морнарица и руска подморница
Лондон, 6 јануари 2022 (МИА) - Во северниот дел на Атлантикот денеска се судрија фрегата на британската морнарица и руска подморница, јави весникот „Сан“. Руската подморница, што може да носи нуклеарни торпеда, удрила во хидролокаторот што го влече бродот „HMS Нортамберленд“. Се верува дека ова е прв судар на руски и британски брод од крајот на Студената војна. Британската фрегата тргнала во потрага по руска подморница на околу 350 километри северно од Шкотска. сд/

Остани поврзан