Во СВР Велес пријавено дека ученик истакнал албанско знаме во дворот на економското училиште
- - Во присуство на социјален работник со малолетникот бил извршен службен разговор, а знамето е одземено, информира портпаролот на СВР Велес Билјана Ѓаковска.
Велес, 30 ноември 2023 (МИА) - Во СВР Велес денеска во 10 часот директорот на Општинското средно училиште „Јовче Тесличков“ Васко Трајковски пријавил дека ученик истакнал знаме на Република Албанија во училишниот двор.
- Во присуство на социјален работник со малолетникот бил извршен службен разговор, а знамето е одземено, информира портпаролот на СВР Велес Билјана Ѓаковска.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, најави Ѓаковска. ад/лв/