• недела, 22 декември 2024

Во СВР Велес изречени 62 санкции за брзо возење 

Во СВР Велес изречени 62 санкции за брзо возење 
Скопје, 10 јули 2022 (МИА) - На територија на СВР Велес денеска, од 12:00 до 18:00 часот, се санционирани 62 возачи. Од нив, две возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. -Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР. мд/мч/

Остани поврзан