• среда, 27 ноември 2024

Во Сараево евакуирани основни училишта по дојава за поставена бомба

Во Сараево евакуирани основни училишта по дојава за поставена бомба
Сараево, 25 мај 2022 (МИА) – Стотици ученици од четири основни училишта во главниот град на БиХ, Сараево денеска се евакуирани по дојави за поставени бомби. Училиштата преку електронска пошта биле известени дека во објектите е поставена бомба, а учениците и наставниците, од превентивни причини, веднаш се евакуирани. На терен е полицијата која проверува дали заканата е реална. Во изминатиот период во Сараево зачестија дојавите за бомби, а досега биле лажни. Цели на анонимните закани, покрај училиштата се и судовите. И во Србија во изминатите два месеци зачестија дојавите за бомби, пред сè во училиштата, но и во други институции. ми/

Остани поврзан