• понеделник, 23 декември 2024

Во САД ќе биде изречена казна за рускиот хакер Левашов

Во САД ќе биде изречена казна за рускиот хакер Левашов
Вашингтон, 20 јули 2021 (МИА) - Американските сојузни обвинители бараат повеќегодишна затворска казна за притворениот руски хакер Патер Левашов, кој раководеше со мрежа на апарати за кражба на податоци, дистрибуција на несакани (спам) мејлови и инсталирање на штетен софтвер ширум светот. Левашов, познат и како „бот мастер“ е уапсен во 2017 година додека беше на летување во Шпанија и е екстрадиран во САД и покрај спротивставуивањето на Русија. Тој уште во 2018 година ја призна вината за завера, измама на интернет и кражба на идентитети и други дела. Обвинителите бараат 40-годишниот хакер да биде осуден од 12 до 14 години затвор. Според обвинителите софтверите на Левашов „заразиле“ 200.000 компјутери од кои тој преземал мејлови, налози и шифри. ми/  

Тагови

Остани поврзан