• петок, 22 ноември 2024

Во Русија оштетен нафтовод, нафтена дамка се заканува на животната средина

Во Русија оштетен нафтовод, нафтена дамка се заканува на животната средина

Москва, 3 јули 2023 (МИА) - Поради пукање на нафтовод во северозападната руска Република Коми, 1.000 метри просторни нафта може да истече во блиската река и да предизвика голема штета на животната средина, предупреди денеска шефот на државната агенција за животна средина Росприроднадзор.

„Имаше пукање на нафтоводот кај Усинско. Според проценките, 1.000 метри просторни нафта може да истече во реката Колва“, напиша Светлана Радионова на Телеграм.

„Нафтените продукти навлегоа во почвата и водата, тоа е голема штета за животната средина. Локалните власти соопштија дека инцидентот се случил во неделата на нафтовод во нафтеното поле Јужно-Ош, со кој управува Нобел Оил. 

Во мај 2021 година, поради пукање на нафтовод во Кома, истекоа 100 тони нафта, од кои девет во реката Колва. Во август 1994 година, во тој регион истекле 79.000 тони нафта или 585.000 барели поради пукнат нафтовод, а според независни проценки и до два милиона барели. Тоа беше најголемата несреќа од ваков вид во Русија. паг/

 

 

Остани поврзан