• петок, 20 декември 2024

Во Романија повеќе од 12.000 нови случаи на Ковид-19, најмногу од почетокот на пандемијата

Во Романија повеќе од 12.000 нови случаи на Ковид-19, најмногу од почетокот на пандемијата
Букурешт, 30 септември 2021 (МИА) – Романија денеска регистрираше 12.032 новозаразени со коронавирус, најмногу од почетокот на пандемијата. Последниот месец, бројот на заразени лица во Романија се зголеми од 1.000 случаи дневно на рекордни повеќе од 12.000 денеска. Вкупно 1.364 пациенти со Ковид-19 се на интензивна нега, што речиси ги наполни капацитетите во земјата. Романија ја има втората најниска стапка на вакцинација во Европската унија, само 34 проценти од возрасните се целосно вакцинирани. Според податоците објавени од здравствените власти од 20 до 26 септември речиси 75 проценти од новозаразените и 92 проценти од починатите не биле вакцинирани. Романија, со 19 милиони жители, од почетокот на пандемијата регистрира повеќе од 1,2 милиони заразени, а починаа 37.041 луѓе. јт/

Остани поврзан