Во Романија изречени затворски казни за поранешна министерка и ќерката на Басеску
- Судот во Романија денеска ги осуди Елена Удре, поранешна министерка и Јоана Басеску, ќерка на поранешниот претседател Трајан Басеску, на затворски казни за „перење пари“ и примање мито за вре
Букурешт, 2 март 2021 (МИА) - Судот во Романија денеска ги осуди Елена Удре, поранешна министерка и Јоана Басеску, ќерка на поранешниот претседател Трајан Басеску, на затворски казни за „перење пари“ и примање мито за време на претседателската кампања во 2009 година.
Ќерката на поранешниот претседател е осудена на пет години затвор, а поранешната министерка и близок соработник на претседателот Басеску, на осум години без право на жалба.
Истрагата на антикорупцискиот тим во Романија идентификува голем број кривични дела во политичките партии на власт, вклучувајќи судир на интереси, злоупотреба на моќ и службена положба, измама и доделување државни договори во замена за мито. паг/