• понеделник, 23 декември 2024

Во Романија во ноември регистрирани над 800 случаи на мали сипаници

Во Романија во ноември регистрирани над 800 случаи на мали сипаници

Букурешт, 4 декември 2024 (МИА) – Во ноември во Романија се регистрирани 816 случаи на мали сипаници, јави Агерпрес, повикувајќи се на денешно соопштение на Националниот институт за јавно здравје.

Институтот информира дека од 1 јануари 2023 до 30 ноември годинава во земјата се регистрирани 26.231 случај на морбили. Во истиот период имало 21 смртен случај од овие сипаници.

Вакцината против морбили ги штити децата од болеста, потсетува Националниот институт за јавно здравје. Според институтот, 9 од 10 родители во Романија ги вакцинираат своите деца против оваа болест. јт/

Остани поврзан