• вторник, 26 ноември 2024

Во Рим почнува Самит на Г-20 за култура

Во Рим почнува Самит на Г-20 за култура
Рим, 29 јули 2021 (МИА) - Во Рим денеска почнува Самитот за култура на 20 најразвиени земји во светот. - Културата е одличен инструмент за дијалог помеѓу различни народи, традиции и цивилизации и е моќен мотор за хармоничен и одржлив раст на нациите. Дури и во моменти кога се се дели и оддалечува, земјите секогаш можат да остават отворен прозорец за дијалог за културата, истакна италијанскиот министер за култура Дарио Франческини. На Самитот ќе се разговара за неколку теми како што се заштита и реставрација на културни добра, илегалниот пазар на антиквитети и уметнички предмети, едукација на младите луѓе и отворање на музеите за јавноста откако беа затворени поради пандемијата со Ковид-19 . Покрај 40 делегации, на Самитот во Рим ќе учествуваат претставници на УНЕСКО, Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Советот на Европа, Медитеранската унија, Интерпол и други. Свеченото отворање ќе биде во Римскиот Колосеум. ми/

Остани поврзан