Во Рим денеска прва заедничка седница на албанската и италијанската Влада
- "Состанокот меѓу двете влади ќе биде можност за разгледување на билатералната соработка и договор за понатамошни иницијативи насочени кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Рим и Тирана, идентификувајќи ги клучните сектори како што се одбраната и безбедноста, енергетиката, миграцијата, цивилната заштита, здравството, животната средина, економскиот и инфраструктурниот развој, како стручното оспособување во секој од овие сектори на соработка“, објавија медиумите.
Тирана, 13 ноември 2025 (МИА) - Во Рим денеска ќе се одржи првата заедничка седница на владите на Италија и на Албанија, со која ќе раководат премиерите Еди Рама и Џорџа Мелони, која всушност е и прва седница на италијанска Влада со влада на земја која не е членка на ЕУ, објавија медиумите.
"Состанокот меѓу двете влади ќе биде можност за разгледување на билатералната соработка и договор за понатамошни иницијативи насочени кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Рим и Тирана, идентификувајќи ги клучните сектори како што се одбраната и безбедноста, енергетиката, миграцијата, цивилната заштита, здравството, животната средина, економскиот и инфраструктурниот развој, како стручното оспособување во секој од овие сектори на соработка“, објавија медиумите.
Во одбранбениот сектор, Италија ќе обезбеди опрема и технологија, а во Албанија ќе биде распоредена поморска инфраструктура за изградба и одржување на бродови.
"Во енергетскиот сектор, во тек се работи на проширување на соработката врз основа на трилатералниот договор меѓу Италија, Обединетите Арапски Емирати и Албанија потпишан во Абу Даби на 15 јануари годинава, кој предвидува производство на обновлива енергија во Албанија и подморска меѓусебна врска за обновлива енергија што ќе ги поврзува Италија и Албанија, наведуваат медиумите.
Исто така ќе биде формирана заедничка работна група за продлабочување на соработката во борбата против нерегуларната имиграција и зајакнување на капацитетите за поморска патрола на Албанија.
Во фокусот на билатералната средба, која се случува во важен момент во процесот на евроинтеграцијата на Албанија, ќе бидат прашања и од други области. вт/сд/
Фото: архива