• понеделник, 23 декември 2024

Во Радовиш отворена Сала за венчавање и предадени во употреба две улици

Во Радовиш отворена Сала за венчавање и предадени во употреба две улици
Радовиш, 12 мај 2022 (МИА) - Во Радовиш денеска беше отворена Сала за венчавање, која истовремено е мултифинкционален простор во кој ќе биде сместена галерија каде уметниците ќе ги излагаат своите дела и ќе творат. Новиот објект го отворија градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов и претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. - Ова Општина Радовиш го направи по барање на граѓаните на коишто со години просторот за венчавање им беше многу понижувачки да ви кажам искрено, меѓутоа сега го гледате она позади нас е тоа го крстивме-Музеј на љубовта и уметноста. Затоа што овде ќе се склучуваат бракови, овде ќе се случуваат најубавите настани. И се надеваме дека граѓаните во Радовиш конечно ќе добијат достоинствено место, рече градоначалникот Ристов. Лидерот на најголемата опозициска партија истакна дека со сите проекти кои досега се реализирани во Радовиш очекува успешни резултати. -Според динамиката со која се одвиваат настаните овде во Радовиш, ценам дека ќе имаме успешен резултат и за радовишани, но, очекувам да има влијание и во околината. Им честитам на градоначалникот и неговиот тим за сработеното во овие пет месеци откако тој е градоначалник и очекувам со несмалена динамика, а зошто да не и зголемена динамика да продолжија реализацијата на ветеното што го земавме како наша обврска пред граѓаните за време на кампањата на локалните избори, рече Мицкоски. Освен овој објект денеска градоначалникот Ристов и лидерот Мицкоски ги пуштија во употреба реновираната централната градска улица и улица во урбан блок 9. рт/сст/  

Остани поврзан