Во Пробиштип одржана манифестацијата ,,Зелникот на баба"
- Под покровителство на општина Пробиштип, по двегодишна пауза, денеска се одржа деветото издание на традиционалната манифестација „Зелникот за баба". Градоначалникот Драган Анастасов изјави де
![Во Пробиштип одржана манифестацијата ,,Зелникот на баба](https://new.mia.mk/images/20221112152023_big_730x400_6.webp )
Пробиштип, 19 март 2022 (МИА) - Под покровителство на општина Пробиштип, по двегодишна пауза, денеска се одржа деветото издание на традиционалната манифестација „Зелникот за баба". Градоначалникот Драган Анастасов изјави дека гостите и натпреварувачите од целата држава, убавото време, како и богатата музичка програма придонесоа за успешна манифестација и убаво дружење на преполниот градски плошдат „Св. Гаврил Лесновски".
- Со богати трпези традиционално приготвени се претставија учесниците, чии специјалитети имаа можност да ги вкусат сите посетители, а паричните средствата кои се собраа, како и секоја година, така и оваа општината ќе ги донира во хуманитарни цели. Благодарност до сите учесници и посетители што нѐ удостоивте со вашето присуство, исто така благодарност и до сите помагатели на манифестацијата, рече Анастасов.
Манифестацијата беше збогатена и со културно уметничка програма. вдј/цр
![thumbnail_FB_IMG_1647711207337](/articles/images/%d0%b2%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b1%d0%b8%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bf-%d/gpNKYu8O5/placeholder.webp?use_watermark=0)
![thumbnail_FB_IMG_1647711212843](/articles/images/%d0%b2%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b1%d0%b8%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bf-%d/UhWGKsNGi/placeholder.webp?use_watermark=0)