Во прекин сообраќајот на ГП Дојран од грчка страна поради протест на земјоделци
- Денеска во периодот од 10:30 до 12:30 часот сообраќајот на ГП Дојран (од грчка страна) е во прекин (блокиран) за секаков вид на возила.
Скопје, 1 декември 2025 (МИА) - Денеска во периодот од 10:30 до 12:30 часот сообраќајот на ГП Дојран од грчка страна е во прекин за секаков вид на возила.
Прекинот на сообраќајот, како што информираат од Автомотосојузот на Македонија, е поради штрајк на земјоделци. сст/вг/
Фото МИА архива