• среда, 20 ноември 2024

Во правосудството треба да се направи ремонт, порача премиерот Ковачевски

Во правосудството треба да се направи ремонт, порача премиерот Ковачевски

Скопје, 20 јуни 2023 (МИА) - Сметам дека треба да се направи ремонт на одредени институции, процеси и закони во делот на правосудството, бидејќи сите анализи и изјави на дипломати тоа го покажуваат, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

На новинарско прашање во врска со вчерашната изјавата на министерот за правда, Кренар Лога, кој рече дека едно од можните решенија, за кои разговарал и со политичките партии и со власта е со законски преодни одредби да има престанок на мандатот на сегашниот состав на Судскиот совет, Ковачевски рече дека за ова прашање немаат разговарано во детали.

-Ние во детали немаме разговарано со министерот Лога, тоа е во неговиот ресор. Меѓутоа, неговиот ресор е концепциски, бидејќи, на крајот, Собранието на државата ја носи одлуката во однос на законските одредби во судството и на телата кои што ги избира, бидејќи владата не избира Судски совет, избира Собранието, рече тој.

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека неговиот предлог да се провери имотната состојба на царинските службеници, ќе придонесе во зголемување на  транспарентноста и општествениот кредибилите

Според премиерот, во правосудството, како и во секоја друга организација, има личности кои што се врвни професионалци и има луѓе кои што се во градење на својата кариера и можат да го унапредат своето работење преку обуки, но, има и поединци кои што немаат перформанси.

-Има сигурно и поединци како во секој систем кои што немаат перформанси на ниво на кое што треба да имаат и затоа треба да има систем во правосудството кој што ќе може да ја дијагностицира точно одговорноста, бидејќи таа секогаш има име и презиме. Не можете вие да велите дека не е добро сѐ комплет, треба да извадат систем во кој што ќе може точно да се каже што е добро да се пофали, што може да се направи за да се унапреди, а што е она што навистина не чини, да може да се отфрли, рече премиерот.

Во меѓувреме денеска пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на прес-конференција во Собранието побара на следната пленарна седница да се отвори точката, која нејзината партија ја поднела уште минатиот месец, а се однесува на состојбата во Судскиот совет. 

Кадровските решенија за владиниот состав се резултат на „Пазар 3” коалицијата каде примарен интерес не е напредокот на државата, туку бизнис интересите и личните кадровски амбиции, рече на де

Таа рече дека ВМРО-ДПМНЕ поднела барање за ставање на точка на деневен ред во Собранието, под име - Информација за состојбите во Судскиот совет и оти Информацијата во собраниската архива била доставена на 3 мај и изгласана како 35-та точка на дневниот ред на 115-та пленарна седница, која започнала на 10 мај. Стојаноска додаде дека досега се имаат одржано 11 нејзини продолженија, но оваа точка се уште не е отворена.

-Одговорност за ова мора да има. Затоа, најпрвин бараме ставање на точката за Информација за состојбата во Судскиот совет на дневен ред, уште на првата наредна седница, оставка од Судскиот совет во целост, а потоа и одговорност од Владата. Ова се вистинските проблеми кои ја мачат државата. Одговорност мора да има. Партизацијата и примитивизмот на СДС и ДУИ мора да запрат, изјави Стојаноска.

Лога, пак, вчера во врска со можноста што ја најави рече дека повеќе информации ќе добијат следните денови, откако ќе разговараат и со опозицијата во Собранието. 

На првиот брифинг со медиуми како министер, Лога денеска посочи дека во Министерството за правда не нашол ниту една буква или документ за ветингот и нагласи дека стои на ставот дека мора да и

-Ако има вакви законски измени, тоа ќе биде со консензус во Собранието со сите политички партии. Затоа, ова е една од опциите кои што може ние да ги имаме како решение, појасни Лога, кој, пак во врска со резултатите од анкетата на ОБСЕ за негативните оценки за судскиот систем посочи дека при крај е Стратегијата за 2023-2027 година, во чија работна група се дел од институциите, истакнати професори, академци кои ќе дадат свои предлози за  справување со состојбата.  ар/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан