• понеделник, 25 ноември 2024

Во понеделник неформална средба министрите за надворешни работи на ЕУ за конфликтот на Блискиот Исток

Во понеделник неформална средба министрите за надворешни работи на ЕУ за конфликтот на Блискиот Исток

Брисел, 17 ноември 2023 (МИА) - Високиот претставник на ЕУ за надворешни политика и безбедност Жосеп Борел за понеделник вечер закажа неформален видеоконференциски состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Унијата на кој ќе ги информира за резултатите од неговата петдневна турнеја низ Блискиот Исток, најави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано. 

- На министрите ќе им се обрати и саудискиот министер за надворешни работи, принцот Фајсал за да ги информира за двете многу значајни претстојни средби на Организацијата на исламската конференција и на Лигата на арапските земји во Ријад, истакна Стано. 

Борел вчера ја започна својата блискоисточна турнеја во чии рамки до понеделник ќе ги посети Израел, палестинските автономни територии, Бахреин, Саудиска Арабија, Катар и Јордан.   

Стано истакна дека на вчерашни и денешните средби „во Израел и Рамалах“, Борел ги пренесува ставовите и загриженоста на ЕУ за случувањата на теренот и нејзините очекување, но и ги слуша ставовите на своите соговорници. 

- Ги слушаме и Израелците и Палестинците, затоа што тие се наши партнери и пријатели. Кога велам Палестинците се наши партнери, не мислам на Хамас. Хамас не го претставува палестинскиот народ, порача Стано.   

Портпаролот на Европската унија (ЕУ) Питер Стано изјави дека бриселските институции „ги забележале“ извештаите за тоа дека Министерството за одбрана на Русија има намера да отвори канцеларија

Тој додаде дека случувањата во Газа и прашањето за страдањето на цивилното население се високо на агендата на ЕУ, но таа исто така работи и на прекин на ракетните напади на Хамас и останатите терористи врз Израел и повикува на итно и безусловно ослободување на заложниците. 

Стано потенцира дека ЕУ разговара со своите партнери и за чекорите што би се презеле по завршувањето на израелската операција и за постконфликтниот период во Газа. 

- Дел од тие дискусии се однесуваат и на тоа како ќе биде управувана Газа, како ќе се спроведува безбедноста. Но, засега не е донесена никаква одлука, се разговара и се разменуваат мислења, изјави Стано, додавајќи дека не може да даде повеќе детали за разговорите. 

Според него, во моментов приоритет е да дојде до прекин на насилствата и на страдањето на луѓето и од израелска и палестинска страна и да започне обнова за политичкиот процес за решавање на конфликтот според моделот на две држави. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан