• петок, 22 ноември 2024

Во Полска уапсени 18 лица под сомнение дека планирале напади за сметка на Русија и Белорусија

Во Полска уапсени 18 лица под сомнение дека планирале напади за сметка на Русија и Белорусија

Варшава, 3 јуни 2024 (МИА) -  Полските власти уапсија 18 лица под сомнение дека планирале непријателски активности и саботажи на сметка на Русија и Белорусија, вклучително и убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Томаш Сиемониак.

Полските власти поврзаа некои неодамнешни подметнати пожари или обиди за подметнување пожари со агенти спонзорирани од Русија. Меѓу уапсените во последните месеци има државјани на Полска, Белорусија и Украина, се наведува во соопштението на Агенцијата за внатрешна безбедност.

Сиемониак рече дека актите на саботажа очигледно биле дел од поширок план кој вклучувал кибер напади, притискање на мигрантите да преминат од Белорусија во Полска и загрозување на нејзината безбедност бидејќи ја поддржува Украина во одбраната од руската инвазија.

Полјакот беше уапсен во април под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да учествува во наводен заговор за убиство на Зеленски, соопштија полските обвинители. Тој, наводно, побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекуваше да пренесе детални информации за стратешкиот аеродром Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина. зш/

Остани поврзан