Во Полска приведен наводен руски шпион, кој повеќе од 30 години работел во Министерството за национална одбрана
- Полската воена полиција денеска приведе вработен во Министерството за национална одбрана под сомнение дека соработувал со руските и белоруските разузнавачки служби
Варшава, 3 февруари 2026 (МИА) – Полската воена полиција денеска приведе вработен во Министерството за национална одбрана под сомнение дека соработувал со руските и белоруските разузнавачки служби.
Според полските медиуми, осомничениот бил приведен од работното место. Тој имал позиција на средно ниво во Одделот за стратегија и планирање на одбраната.
Приведувањето е реализирано по долга истрага на полската Воено контраразузнавачка служба.
Приведениот (60) во полското Министерство за национална одбрана работел од 90-тите години на ХХ век. ми/
фото: МИА архива