• четврток, 27 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во полицијата пријавен случај на напад на наставничка врз ученичка

Во полицијата пријавен случај на напад на наставничка врз ученичка

Скопје, 24 мрт 2023 (МИА) - Во полиција вчера било пријавено дека малолетно девојче било физички нападнато од нејзината наставничка која употребила тврд предмет.  

Како што се наведува во полицискиот билтен, во полициската станица Карпош, М.Д.(46) од Скопје пријавил дека во средата во 10:30 часот во приватно основно училиште во Скопје неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзина наставничка, која употребила и тврд предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ев/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан