• недела, 23 јуни 2024

Во пожар во Струмица изгореа три куќи, две лица повредени

Во пожар во Струмица изгореа три куќи, две лица повредени

Струмица, 22 јуни 2024 (МИА) - Покривите на три куќи во Струмица на улицата „Крушевска Република“, над Момин бунар, целосно изгореа во пожар кој бил пријавен денеска во 10:56 во ТППЕ Струмица, а две лица се повредени.

- Денеска во 10:56 часот на улица „Крушевска Република“, над Момин бунар, ТППЕ Струмица со пет противпожарни возила и 18 пожарникари интервенираше на гасење на запалени куќи. Опожарени се вкупно три куќи и причинета е значителна материјална штета. Во акцијата на гасење и спасување, пожарникарите од едната куќа успеаја да извлечат две постари лица кои беа повредени од пожарот и да ги предадат на екипите на брза помош, информираат од ТППЕ Струмица.

Пожарот, како што посочуваат од ТППЕ Струмица, е целосно локализиран, пожарникарите остануваат на локацијата заради евентуално разгорување поради високите температури.

Причините за пожарот засега не се познати, а увид на местото на пожарот ќе извршат увидни екипи. рт/дма/

Фото: ТППЕ Струмица

Остани поврзан