• петок, 22 ноември 2024

Во пожарот во грчкиот Национален парк Дадиа во Еврос досега изгореле 12 отсто од заштитената шума

Во пожарот во грчкиот Национален парк Дадиа во Еврос досега изгореле 12 отсто од заштитената шума
Атина, 27 јули 2022 (МИА) – Околу 3.410 хектари или 12 отсто од заштитениот регион Натура 2000 досега изгореа во пожарот во  Националниот парк Дадиа во Еврос, активен веќе седми ден, а противпожарните сили секојдневно, од копно и воздух се обидуваат да ја стават под контрола огнената стихија, јави дописничката на МИА од Атина. Според сликата од сателитот Сентинел 2 преземена и обработена од тимот на Националната опсерваторија на Атина и порталот Метео, проценката за површината зафатена од шумскиот пожар заклучно со вчера напладне во Дадиа Еврос е приближно 3.410 хектари, односно околу 12 проценти од заштитеното подрачје на Натура 2000. Националниот парк Дадиа-Лефкими-Суфли со борови и дабови шуми, се наоѓа во областа Еврос во североисточниот дел на Грција и е едно од најважните заштитени подрачја на национално, европско и меѓународно ниво, како и една од првите области во земјата што е прогласена за заштитена бидејќи коегзистираат голем број видови флора и фауна кои се наоѓаат на Балканот, во Европа и Азија. ср/ Фото: Метео

Остани поврзан