• недела, 22 декември 2024

Во подземна пештера во Грција пронајдени четири беживотни тела

Во подземна пештера во Грција пронајдени четири беживотни тела
Атина, 16 мај 2020 (МИА) - Во подземна пештера со длабочина од околу 20 метри во близина на грчкиот град Лутраки на Пелопонез, утрово беа пронајдени четири мртви лица на возраст од 35 до 72 години, а во акцијата за извлекување на телата учествувал 21 пожарникар со пет возила, јави дописничката на МИА од Атина. Причините за смртта, како и која била причината што четворицата мажи се нашле во пештерата, официјално не се познати, а надлежните работат на расчистување на случајот. Според локалните медиуми, станува збор за германско засолниште од Втората светска војна, не ја исклучуваат можноста починатите  да барале скриени лири, а смртта да настанала од задушување, поради тоа што со нив имале генератор, како и алатки за копање. Сепак, не постои официјална потврда на овие информации. Грчката новинска агенција АНА-МПА, објави дека безживотните тела биле пронајдени на длабочина од пет метри, а акцијата на полицијата и противпожарната служба започнала по пријавата од роднина на еден од загинатите. ср/ми/

Остани поврзан