• понеделник, 23 декември 2024

Во Перу симболични венчавки на геј двојки на Денот на вљубените

Во Перу симболични венчавки на геј двојки на Денот на вљубените
Лима, 15 февруари 2020 (МИА) - ЛГБТ двојки во Перу го одбележаа Денот на вљубените со годишната свеченост, на која 11 двојки учествуваа во симболичната церемонија на венчавање, со цел да апелираат на изедначување на истополовите бракови во таа конзервативна јужноамериканска држава. Геј двојките разменија завети во паркот Мирафлорес во Лима на церемонијата „Љубовта не дискриминира“. - Оваа е протест бидејќи е време државата Перу да дозволи граѓански брак, што ние Перуанците го заслужуваме и на кој имаме право, изјави еден од учесниците Хуан Карлос Мартинс. Најголемиот број жители на Перу се католици и е една од земјите во Јужна Америка, која делумно не ги признава истополовите заедници. Аргентина, Уругвај, Бразил и Колумбија во последните години ги легализираа истополовите бракови. ми/

Остани поврзан